Прекин во водоснабдувањето најавува ЈП Водовод Охрид кај корисниците на улица „Гоце Делчев“ поради настанат дефект.
Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев” (пукната цевка со профил ф160 мм – салонит), настанат во раните утрински часови, денес неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев”, вклучувајќи ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата „Македонски Просветители” до крстосницата со улицата „Бистрица”, велат од претпријатието.
Додаваат дека екипите се на терен, до завршување на санацијата.
OhridNews