Членови на Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид дел од Националното зимско првенство кое ќе се одржи викендов во организација на Национална пливачка федерација.
Од нашиот клуб ќе настапат шест пливачи. Условите и околностите можат да бидат ограничени, но желбата и ентузијазмот кај нас се неограничени. Сигурни сме дека Славчо, Теодора, Ања, Симеон, Предраг и Милан ќе дадат се од себе! Да им посакаме успех!, велат од клубот.
OhridNews