Џудистите од ЏК Дрим Струга повторно доминантни со освоени 15 медали на Државното првенство за сениори и пионери викендов во Скопје.

Во категорија сениори освоија 3 златни и 4 бронзени, додека пионерите 1 златен 3 сребрени и 4 бронзени.

Најзабележителен настап имаа сениорите: Андреј Чакаровски -100, Христијан Глогороски -90 и Анамарија Стојмиловска -48 кои го освоија златниот медал и се стекнаа со титулата сениорски државен првак!

Кај пионерите Амар Бајрамоски -46 беше неприкосновен освојувајќи го златниот медал!

Останати освојувачи на медали се Елеонора Јосифоска, Јован Наумоски и Давид Трајаноски одвојувајќи го сребрениот медал и Марио Нелоски, Драгица Рафтоска, Андреј Симоноски, Катерина Клењоска, Анастасија Трајческа, Матеј Балоски, Давид Спироски и Мила Стојмиловска, освојувајќи го бронзениот медал.

OhridNews