Општина Дебрца потпиша договор со Бирото за регионален развој, со кој преку програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби се обезбедени 2.5 милиони денари за реализација на проект во село Злести, што предвидува уредување на центарот, изградба на два тротоари во должина од 108 метри, санација на споменикот во селото, поставување урбана опрема и изградба на спортско игралиште опремено со соодветени спортски реквизити, како и соодветно рефлекторско осветлување.
За целосно заокружување на тој проект, Општината ќе дообезбеди средства од Буџетот за 2024 година.
Со програмата за рамномерен регионален развој што ќе се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион обезбезбедени се и шест милиони денари за втората фаза од реконструкцијата на општинската зграда во село Белчишта.
OhridNews