Во периодот од 19 до 22 мај во Приштина се одржа меѓународниот АИБА боксерски турнир “Лах Нимани” каде учество зеде и охридскиот боксер Мартин Јузмески како дел од Македонската јуниорска бокс репрезентација.

Јузмески настапи во категоријата до 51 килограм каде во финалната борба за златен медал беше поразен од домашниот боксер Хикбер Харадинај.

Македонија на овој турнир настапи со осум свои боксери во јуниорска конкуренција и освои 1 златен , 4 сребрени и 2 бронзени медали.

Следниот предизвик за Охриѓани е наредната недела во Скопје каде ќе се одржи меѓународниот турнир “Арена куп”. На овој турнир ќе настапат Енис Алиу (67 килограми) и Димитар Ѓорески (60).

OhridNews