Јувентус синоќа го победи Интер со 1:0 на гостински терен во натпреварот од 27. коло на италијанскиот шампионат. Стрелец на голот беше Филип Костиќ. Така, за прв пат од сезоната 1976/77, „Старата дама“ ги победи „нероаѕурите“ двапати во Серија А, без да примат гол во двата меча.

Во натпреварот од 13. коло Јувентус на домашен терен го победи Интер со резултат 2:0. На тој натпревар стрелци беа Адриен Рабио и Николо Фаџоли.

По 27 кола, Јувентус е на 7.место на табелата во Серија А со 41 бод, Интер е на 3.позиција со 50 бода.

На Јувентус во текот на првенството му се одземени 15 бодови поради финансиски малверзации на поранешното раководство.

OhridNews