Екипи на ЈП Охридски Комуналец со низа активности во насока на одржување на јавната чистота и зеленилото во градот и приградските населби.
Повторно беше реализирана акција за чистење на ново создадена депонија во близина на камп Љубаништа. Голем број активности се реализираа за одржување на јавна чистота и зеленило во приградски населби и села, Рача, Коњско, Велгошти, населби Исток и Лагадин. Се отстрануваше дива вегетација, косење на тревни површини, метење на пешачки и други јавни површини, а во Коњско се отстрануваа наноси од песок, земја и расфрлан комунален отпад, велат од претпријатието.
Додаваат дека по повод 11-ти октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, се расчистуваше и просторот околу спомен-обележјата на НОБ и тоа во спомен-паркот на револуцијата, градскиот парк, основен суд-Охрид и СОСУ „Св.Кирил и Методиј“.
OhridNews