Екипите на ЈП Охридски Комуналец реализираа низа активности во насока на одржување на јавната чистота и зеленило на локациите каде ќе се реализираат свеченостите и настаните по повод одбележување на јубилејот 80 години слободен Охрид.
Посебен акцент се стави на локацијата околу спомен-обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне, Спомен-паркот на револуцијата, околу спомен-обележјата од НОБ во Градски парк, Основен суд и дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”, информираат од претпријатието.
OhridNews