Во текот на денешниот ден теренот од депонија Буково кој беше опожарен се покрива со земја, информира Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

И во текот на денешниот ден екипите на Ј.П.Охридски Комуналец продолжија со активностите за санација на состојбата на депонија Буково. Со специјална механизација теренот кој беше опожарен се покрива со големи количини земја- стои во соопштението.

Депонијата Буково гори веќе неколку дена, а чадот од согорениот смет стугнува до Охрид. Особено тој се чувствува во вечерните и утринските часови.

На терен покрај екипи на јавното комунално претпријатие се и пожарникарите од ТППЕ Охрид.

Г.М.