ЈП „Охридски Комуналец” во соработка со општина Охрид, ќе започне со реализација на проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата, каде се определени 5 (пет) улици на кои им се доделени канти за селекција на отпад од хартија и картон, пластика и лименки.
Селекцијата и рециклирањето на отпадот се најдобар начин да се намали отпадот на депониите и да се зачува животната средина со негова реупотреба. ЈП „Охридски Комуналец”, почнувајќи од 29 септември ќе го реализира Календарот за подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика и лименки) од улиците: „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“, „Крсте Мисирков“, „Питу Гул“и и „Ѓорче Петров“, информираат од претпријатието.
Воедно посочуваат граѓаните од наведените улици да ја почитуваат динамиката од календарот.
OhridNews