Со манифестација што ќе се одржи на 7-ми Ноевмри со почеток во 17 часот во спортската сала „Билјанини извори“ Јавната установа детска градинка „Јасна Ристеска“ ќе го одбележи патрониот празник.

Во рамки на манифестацијата ќе бидат изведени бројни музички и танцувачки точки подготвени од најмладите, под менторство на воспитувачите од градинката.

Патрониот празник градинката го празнува на денот на ослободувањето на Охрид, 7-ми Ноември, а истата го носи името на Јасна Ристеска, партизанка која го положила својот млад живот пред олтарот на слободата на градот.

Детската градинка во Охрид е формирана во 1963 година. Во 1971 година изграден е првиот наменски објект на сегашната установа „Јасна Ристеска“, додека останатите објекти „Развигорче“ почнал со работа во 1976 година, „Билјана“ во 1980 година, „Росица“ во 1982 година и „Лихнида“ во 1988 година.

OhridNews