Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, даде свое резиме по трите порази во Талин во претквалификациите за Олимписките игри 2024.
Додека сите други екипи имаа играчи од најсилните светски лиги, ние имавме огромни проблеми и да го составиме тимот по многубројните откажувања. Па така шанса за настап добија играчи, многу поголема и од онаа која ја имаат во нивните матични клубови. Верувам дека од овој турнир ќе извлечеме огромна поука, не само ние во стручниот штаб, туку и самите играчи. А тоа е дека во моментов сме далеку од квалитетот на репрезентациите со кои сме биле рамо до рамо, а некогаш и многу подобри, вели Јончевски.
Треба да сфатиме, додава Јончевски, дека тоа време помина, и дека сега е времето на новата генерација која треба да даде резултат во наредниот период.
За да се случи тоа треба огромна работа, пожртвуваност и желба од страна на потенцијалните репрезентативци, а секако и услови во клубовите во кои настапуваат, потенцира Јончевски во својата кратка анализа на случувањата во Талин.
Во главниот град на Естонија, македонската репрезентација загуби од домаќинот, од Израел и од Чешка.
OhridNews