Ставен е на увид и јавна расправа Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена А4.3-семејни куќи за времен престој-викенд куќи на КП 144/1 КО Вапила Општина Охрид.

Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 7:30 – 15:30 часот почнувајќи од 15.01.2025 год. до 14.02.2025 год. Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 07.02.2025г. во малата сала на Општина Охрид,со почеток во 12 часот, информираат од Општина Охрид.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил: [email protected], или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид, додаваат.

Повеќе информации на линкот.

OhridNews