Согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина и донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина, Управата за животна средина при МЖСПП, подготви нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС) за планскиот документ нацрт Национална стратегија за управување со тиња (НСУТ) за период 2024 – 2034, информираат од Општина Охрид.

Нацрт СОЖС и НСУТ се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и достапни на веб страната на Општина Охрид во период од 24.02.2024 до 24.03.2025. Во текот на перидот за јавен увид, предвидени е јавна презентација и расправа на 12.03.2025, од 12.00 – 14.00 часот, во малата сала на општинската зграда. Ве покануваме да ги погледнете двата документи и да ги доставите Вашите мислења, и воедно да земете учество на некоја од јавните презентации, велат во соопштението од Општина Охрид.

Воедно сите коментари може да се достават електронски на меил адресите: [email protected] и [email protected], како и по пошта на адресата: Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор отпад).

Повеќе информации на линкот.

OhridNews