Објавен Јавен повик за прибирање на предлог идеи-проекти од областа на еднаквите можности на жените и мажите во насока на намалување на родовите стереотипи и предрасуди кои постојат во општеството преку стимулирање на активности кои ќе бидат спроведени од жени.
Целта на јавниот повик е да се разбуди креативниот потенцијал на жените и да се согледа нивната перцепција за женски активизам односно да се поттикнат да придонесат за намалување на социјално-економските диспаритети кои постојат во општеството, се посочува во повикот.
Финансирањето на избраните предлог идеи-пеоекти ќе се врши преку Програмата за еднакви можности на жените и мажите на општина Охрид за 2025 година.
Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на фискалната година, односно до 31.12.2025 година.
Повеќе детали на линкот.
OhridNews