Општина Охрид во периодот од 2021-2024 година активно учествуваше во проектот на програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) ReLOaD2, откако беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу двете инволвирани страни.
Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан, ReLOaD2 беше финансиран од Европската Унија и го спроведуваше програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) во шест земји од Западен Балкан. Проектот траеше до декември 2024 година и истиот имаше за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесите на донесување одлуки.
Според Меморандумот за разбирање меѓу Програмата за развој на Обединетите Нации и Општина Охрид, општината се обврза во 2025 година да ги поддржи и целосно да ги финансира проектите кои одговараат на развојните цели кои преку Јавна дебата Општината ги определи како приоритетни за 2025 година. Општина Охрид ги повикува сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Охрид и со кои се опфатени следните приоритетни области: младински активизам и партиципација, родова еднаквост, економска и социјална инклузија, заштита на животната средина и туризам и култура, се наведува во Јавниот повик.
Во рамки на годишната програма Oпштина Охрид предвиде 2.500,000,00 денари, средства наменети за одобрени проекти на ГО во рамки на овој проект. Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 100.000,00 денари до 700.000,00 денари
Општина Охрид и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од април 2025 до крајот на март 2026.
Повеќе детали за јавниот повик на линкот.
OhridNews