Објавен јавен повик за членови на Локалното младинско собрание на Oпштина Oхрид. За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на Општина Охрид, согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики објавен во Службен весник на РМ бр. 10 од 16.01.2020 година, се наметнува потреба од поголема функционалност на Локално младинско собрание, како форма за зголемено учество на младите во локалната заедница, велат од Општина Охрид.

Целта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите во Општина Охрид, додаваат.

Јавниот повик е отворен за претставници на младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и другиоблици на младинско здружување кои се активни на територијата на Општина Охрид и ги исполнуваат потребните критериуми.

Аплицирањето по однос на јавниот повик се врши електронски со поднесување на пријава која е составен дел на овој јавен повик во PDF формат на следната емаил адреса: [email protected].

Јавниот повик трае 10 дена од денот на објавувањето по што следува оддржување на седница на локалното Собрание на млади.

OhridNews