Минатата година 12 проценти од вкупниот број на туристи во државата биле од Србија, а бројот на ноќевање беше 22 проценти од вкупниот број на ноќевања, а ги имавме скоро три милиони. Ова е знак дека и во оваа година е голема одговорноста кај македонскиот туристички сектор да го продолжи тој раст за 15 до 20 проценти, но и да бидеме доволно конкурентни и уште повеќе видливи на мапата на туристичката светска мапа, изјави денеска претседателот на Туристичка агенција за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски за време на промоцијата на српскиот туризам во Скопје.
Промоцијата на српскиот туризам во Скопје е во организација на Туристичката организација на Србија во сорабока со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија.
Јаневски рече дека околу 140 туристички работници се присутни на средбата денеска во Скопје, со цел овозможување на зголемување на бројот на ноќевање и зголемување на понудата на дестинациите во државата.
Ова е голема порака за двата туристички сектори, затоа што е најголемиот настан што во последните години се организира на ваков начин во Македонија. Веќе имаме пазар од 12 милиони домашни туристи кои треба се повеќе да бидат доволно конкурентни меѓу себе. Ако ја гледаме целата дестинација во 2022 година, околу 12 проценти од вкупниот број на туристи биле од Србија токму кај нас, додека бројот на ноќевање е 22 проценти од вкупниот број на ноќевање, а ги имавме скоро три милиони, што претставува сигнал дека и во 2023 година е голема одговорноста кај македонскиот туристички сектор да го продолжат истиот тој раст за 15 до 20 проценти. Целта е и да бидеме доволно конкурентни и уште повеќе видливи на туристичката светска мапа кога е во прашање туристичкиот сектор, изјави Јаневски.
Тој е на ставот дека туристичката индустрија треба поразлично да се третира од другите економски гранки. И покрај тоа што во одредени земји економијата е во длабока криза, сепак, како што рече, туристичката индустрија е во пораст.
Преку туристичката индустрија во земјава во 2022 година се обезбедија 480 милиони долари, што е за 21 процент скок во однос на 2019 година. Јаневски очекува оваа година да се достигне најдобрата бројка во однос на бројот на ноќевањата на домашни и странски туристи кај нас.
Според Јаким Маленко, ТА од Охрид, овие средби се зближување и запознавање меѓу двете држави, како и откривање на сите потенцијални можности за соработка во полето на туризмот.
Сето ова што се случува во моментов тука се надеваме дека ќе допринесе оваа година да имаме што повеќе гости од Србија кои доаѓаат во Македонија, а исто така и реципроцитет од Македонија, што ќе може да ги посетат сите места во Србија и да ги доживеат сите оние убавини коишто ги нуди Србија, додаде Маленко.
Претставникот на хотел „Молика“, Никола Каровски кој работи како хотел менаџер, изјави дека традиционално на почетокот на летната туристичка сезона, огромен број на туристички работници и гости престојуваат во нашата држава, а и наши гости престојуваат во Република Србија.
Навистина ова е една извонредна можност повторно да се видиме со колегите од Република Србија да ги обновиме сите наши контакти кои ги имавме изминатите години, да ја продолжиме традиционалната соработка и традиционалната гостоприливост меѓу двете држави која што ја негуваме со години. Во нашиот хотел во мај имавме четири групи на гости од Србија кои доаѓаат со резервација од пред Нова година. Така што, обемот е зголемен за некои 25 проценти, за разлика од минатата година, со резервации за оваа година. Среќа е што ги надминавме годините на короната, рече Каровски на денешната средба.
OhridNews