На свечената церемонија утре, 20-ти април, Јахтинг Клубот ОЛС Охрид ќе ги додели скиперските дозволи на новите капетани. Од клубот велат овој настан е кулминација на многу часови упорна работа и страст кон едрењето.
Освен свеченото доделување на дозволи, настанот ќе послужи и како отворена врата за сите кои сакаат да дознаат повеќе за нашата школа за едрење и можностите што ги нудиме. Искористете ја оваа уникатна можност да се запознаете со искусни едриличари и да се вклучите во нашата заедница, порачуваат.
Додаваат дека заинтересираните лица за учество треба да се пријават преку порака или на контакт телефонот 070 249 497, бидејќи просторот е ограничен.
Подгответе се за едно незаборавно вечерно искуство, полно со убави разговори, пријателска атмосфера и добро вино. Бидете дел од нашата динамична заедница на едриличари која секој ден се зголемува и открива нови хоризонти, додаваат од Јахтинг Клубот ОЛС Охрид.
Настанот ќе се одржи во Вила и Винарија Мал Св. Климент, Охрид, со почеток во 20 часот.
OhridNews