Kако дел од програмата на Општина Охрид „Културата расте со децата“ вечерва на големата сцена на Долни Сарај ќе настапат учесниците од „Распеано рибарче“. Настанот започнува во 18:30 часот.
Изминативе три месеци беа реализирани бројни културно-забавни настани и активности за деца до 12 години во рамки на програмата преку проектот „За сите деца“.
Програмата која започна на 21-ви јуни предвидена е да трае до 6-ти октомври 2024 година – Неделата на детето. Настаните се реализираат на различни локации на отворено.
OhridNews