Охрид забрзано се менува. Не само градот, туку и луѓето. Остануваат само спомените на луѓето кои се вградиле во днк-та на градот и сеќавањата на случките и настаните кои ден денес со задоволство се прераскажуваат потсетувајќи не на моменти кои будат убави спомени и носталгија. За неделните утра на полигонче кога ова место беше ракометен храм и домаќин на најсилните турнири во мал фудбал и кошарка во поранешната држава, за спортсиот ривалитет со Струга и како Заро ги „превесла“ стружани со пеналот во 90-та минута, за охридските џентлмени кои наседнале на лажната порака на атрактивна дама од Србија, за старите занаети, чаршијата и еснафот, за некогаш развиената индустрија и трговија од кои денес речиси нема ништо, но и за луѓето кои се помалку ги има… во новата емисија „Интервју“ на Охридњуз разговараме со Ѓорги Љатко, хроничар и активист, автор на две книги, Охриѓанец кој безусловно си го сака Охрид. Со него зборуваме за минатото, но и за сегашноста и иднината на Охрид, кој денес е исправен пред нови предизвици, а еколошките се меѓу најголемите. Меѓу нив секако, најгорлив е проблемот со депонијата Буково, рак рана на “модерен Охрид“.

Ѓорги Љатко во Интервју: Охрид некогаш беше град во кој добро се живееше

Г.М.
Видео и фото: А. Момироска