Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата триумфираше на Мастерс турнирот од серијата 1.000 во Париз, совладувајќи го вечерва во финалето бугарскиот тенисер Григор Димитров со 6-3, 6-3.
За 36-годишниот српски тенисер ова е јубилејна 40. титула на Мастерс 1.000 турнирите, а вкупно 97. освоен трофеј во кариерата.
Од друга страна, 32-годишниот Димитров остана на осум освоени турнири во кариерата.
Бугаринот последен пат триумфираше пред шест години на АТП финалниот турнир.
OhridNews
Фото:МИА/Фејсбук