Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон 2024 година без меч во четвртфиналната фаза.

Неговиот противник Алекс де Минаур од Австралија го предаде мечот поради повреда.

Де Минаур се повреди на крајот од осминафиналето со Французинот Артур Фиерс. По мечот 25-годишниот тенисер со куцање го напушти теренот. Сепак, природата на повредата се уште не е позната.

Ѓоковиќ во полуфиналето на Вимблдон ќе игра со победникот од средбата меѓу Лоренцо Музети (Италија) и Тејлор Фриц (САД).

OhridNews