Со оглед на големиот број на заболени од Хепатит А-(жолтица) во соседството (јужна Србија), а со цел превенција и спречување на појава и ширење на оваа заразна болест кај нас, Заводот за здравствена заштита-ЗЗЗ Охрид и Црвен крст Охрид покренаа кампања за запознавање на пошироката јасвност со оваа заразна болест.

Во рамки на програмата за превентивна здравствена заштита, во насока на подигање на нивото на свеста кај младите за заштита од Хепатит А (жолтица), во предшколските установи, основните и средните училишта во Охрид и Дебарца, ЗЗЗ и Црвениот крст започнаа со реализација на едукативни предавања за причините за појава и начините на заштита од жолтица.


ЗЗЗ и Црвен крст во кампања за борба против жолтицата

По однапред утврден распоред три лекарски екипи на Завод за здравствена заштита и Црвен крст Охрид Ќе ги посетат сите основни и средни училишта во опШтините Охрид и Дебарца и во секое одделение / клас ше ги едуцираат младите за заштита од жолтицата-болест на нечисти раце.

Г. Момироски