“Проектот е резултат на соработката на Вучиќ со авторот Живоин Глишиќ и веќе ја доби поддршката од Министерството за култура да ја претставува Македонија низ светот “, изјави селекторката на музичкиот дел од фестивалот, Гордана Јосифова- Неделковска.
“Поддршката од Министерството ни даде силен мотив, но истовремено претставува и огромна одговорност”, рече Мартин Вучиќ.
“Звуците од Македонија” во кој примарна е етно музиката проследена со џез, латино и други музички правци е ставен и на носач на звук.