Посетителите на плажа- ресторанот Потпеш, вечерва и утревечер со почеток во 21 часот, повторно ќе имаат можност да уживаат во настапот на дуото “ Силви бенд”.



Ќе се изведуваат песни од култната српска претстава “Коштана” на Бора Станковиќ, за која бендот има издадено албум. Покрај со песните од „Коштана“, публиката ќе биде “почестена“ и со романтични шансони, а атмосферата ќе ја надополни и прекрасниот амбиент покрај Охридското Езеро.

Ohridnews