Поранешната министерка за внатрешни работи ми се нама јавено за ниту еден предмет, рече државниот јавен обвинител Марко Зврлевски во емисијата „Топ Телма“ на Тв Телма, коментирајќи ја аудио снимката од „бомбите“ што ги објави опозицијата во кои се слушаат гласовите на Јанкуловска и Ставрески кои разговараат за стопирање на судска постапка.

Во интервјуто со новинарот Александар Чомовски Зврлевски тврдеше дека немал ургенции за ниту еден судски предмет.

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, во вечерашната Топ Тема изјави дека не го допираат ни повредуваат гласовите дека е потрчко на власта и заштитник на политичките елити во владата.

Тој порача дека во обвинителството ништо не е ставено под тепих и се постапува по предметите кои произлегле од објавените бомби, во согласност со законите и уставот на Р.М. Според Зврлевски, обвинителството постапува и по допрен глас, но нормално е дека во тие случаи не оди толку лесно.

Зврлевски истакна дека Јавното обвинителство нема ништо против специјалното обвинителство, но смета дека тоа е формирано со политичка одлука, како и дека предметите од „бомбите“ трееба да ги води Јавното обвинителство. Тој рече дека Јавното обвинителство не ја напаѓа Катица Јанева, туку бара еднакви услови за работа, и кадровски и финансиски, како што се бара за тимот на специјалниот обвинител.

Одговарајќи на прашање на новинарот Зврлевски рече дека Јавното обвинителство ќе ги сподели сите информации и докази кои ги поседува со специјалниот јавен обвинител, додавајќи дека Јавното обвинителство отворило постапка за повеќе случаи кои произлегуваат од прислушкуваните разговори во рамки на која исказ дале актуелниот премиер и поранешниот шеф на УБК, Груевски и Мијалков.

OhridNews