Лин Ванг бил во посета на будистичкиот храм Линзи, во североисточната кинеска провинција Шандонг, кога поради невнимание на неговите пријатели, бронзено звоно, тешко два тона, паднало врз него. Имено, Лин за време на прошетката низ храмот застанал под едно огромно звоно кое неговите пријатели го занишале како би слушнале како одзвонува. Тогаш се случило нешто сосема неочекувано. Звонот се откачило и паднало врз Лин.

На спасувачката служба и биле потребни два часа да го ослободат Лин кој останал заглавен под звоното, кое поради староста и големата тежина, требало да се помрднува со големо внимание. Пријателите на Лин за инцидентот ги обвиниле свештениците кои не го обезбедиле звоното. Претставникот на храмот рекол дека звоното е многу старо и дека кон него треба да се однесуваат со почит. Додал дека е вистинско чудо што момчето не настрадало. Истакнал дека Лин имал среќа што звоното го поклопило.