Вера Звонарева од Русија и американката Серена Вилијамс ќе играат во финалето на женскиот дел од турнирот на Вимболдон.

Звонарева до пласманот во финалето стигна откако ја совлада Светлана Пиронкова од Бугарија со 3:6, 6:3, 6:2.

Серена Вилијамс одигра само два сета со Петра Квитова од Чешка. Во првиот сет се играше тај-брек, а во вториот Квитова освои само две игри.

Во финалето кое се игра во сабота Вилијамс ќе влезе без загубен сет на турнирот.

Ohridnews