Звонарева – Клајстерс ќе играат во финалето од женскиот турнир на Отвореното првенство во Њу Јорк. 


Звонарева во натпревар кој траеше час и дваесет и пет минути со 2-0 ( 6-4,6-2) ја елиминираше првата носителка Вознијачки. За русинката ова е само второ гренд слем финале во нејзината кариера. Таа беше поразена во финалето на Вимболдон од Серена Вилијамс.


Противничката на Звонарева, Клајстерс добро се намачи за да го обезбеди место во финалето. Два часа и дваесет минути траеше битката со Венус Вилијамс која белгијката ја добди со 2-1 (4-6, 7-6,6-4). Поранешниот рекет број еден ќе има можност да ја одбрани минатогодишната титула, до која стигна откако на турниорт настапи со вајлд карта.

Ohridnews