Едицијата на најкапиталните дела преведени на македонски јазик ќе опфаќа класици, избрани дела, бестселери, мемоари, а ќе се комплетира по периоди, старо грчки период, римски период, ренесанса и среден век. Преведените дела ќе се објавуваат етапно еднаш годишно, а на проектот ќе се работи во следните четири години.
„Реализацијата на проектот ќе овозможи доближување до светските културни вредности до граѓаните и популаризација на пишаниот збор до сите сегменти на културното живеење“ – рече министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска/
Според членовите на одборот за избор на делата, ова претставува капитален проект кој е од големо значење за државата и за македонскиот јазик.
Министерството за култура ќе врши и превод на англиски јазик на делата опфатени во проектот „130 тома македонска книжевност“, а во септември се очекува промоција на 106 дела од добитници на Нобелова награда преведени на македонски јазик.
извор:„Макфакс“