Фановите на Тоше Проески синоќа се собраа на плоштадот во Скопје на одбележување на двегодишнината од последниот концерт на прерано починатата музичка ѕвезда.

На манифестацијата „Ѕвездено небо за Тоше“, фановите од Македонија, но и од соседните земји ги слушаа неговите песни, а беа прикажани и видео материјали од настапите на Проески.

Минатата година на денот кога Тоше го одржа поселедниот концерт, на арената „Филип Втори“ во Скопје се одржа голем хуманитарен концерт. Фондацијата „Тоше Проески“ одлучи во иднина да се одбележува роденденот на големиот пејач, 25-ти јануари, кога ќе се одржи спектакуларен концерт на кој според најавите ќе бидат промовирани досега необјавени песни на Тоше, кои ќе ги изведуваат најголемите ѕвезди од поранешна Југославија.

Тоше Проески го загуби животот на 16-ти октомври 2007 година во тешка сообраќајна несреќа што се случи кај Нова Градишка – Хрватска.

Ohridnews