Настапот на Влатко Стефановски трио на најдобрата охридска плажа, „Cuba Libre“, синоќа, ќе се памети долго. Виртуозот на гитара, по настапите во Хрватска, Србија, Црна Гора и  БиХ, ја почести македонската публика со незаборавен концерт во Охрид. Влатко и неговиот бенд инспиративно ги отсвирија познатите хитови од изминатите 30 години: „Мамурни људи“, „Као какао“, Чукни во дрво“, „Си заљубив едно моме“, „Јовано Јованке“, „Учиме мајко карај ме“, за прекрасниот концерт по неколку биса да го завршат со „Бистра вода“. Публиката на преполната плажа „Cuba Libre“ повеќе од два часа уживаше во извонредниот настап на бендот предводен од Влатко Стефановски, кој сподели огромна позитивна енергија со фановите.



Ѕвездена ноќ на Влатко Стефановски Трио на плажата „Cuba Libre“

OhridNews