Со изведба на композициите од прватата полуфинална вечер синоќа на Античкиот тетар во Охрид започна првиот
македонски Радиски фестивал. Фестивалот е насловен како  „Ѕвездена ноќ“ и е
поддржан од 22 радио станици во земјава кои почнувајќи од 10 мај ги
емитуваат песните кои изборија пласман во завршницата на фестивалот.


Вкупно во Охрид ќе бидат
изведени 30 нови композиции. Фестивалот ќе
има две полуфинални вечери, на секоја од нив ќе се исполнат по 15 песни
за кои публиката ќе гласа по пат на СМС пораки. По десет најдобро
пласирани песни од полуфиналните вечери ќе земат учество во финалето
што ќе се одржи на 30 јуни. За победникот предвидена е награда од 2.000
евра, второпласираниот ќе добие 1.500 евра, а третопласираниот 1.000
евра.


Сите композиции ќе бидат изведувани во живо. Влезот за трите фестивалски вечери на
Античкиот театар ќе биде бесплатен.