Ѕвездата на класичната музика, виолинистката Сара Чанг која вечерва ќе го затвори 48-то Охридско лето е воодушевена од охридските бисери. Таа веќе си купила два сувенири направени од охридски бисер, но не ја исклучи можноста да ја збогати својата колекција.


Чанг иако е голема ѕвезда немала посебни барања за својот настап на Охридско лето. Таа дури без хонорар ќе ги отстапи ТВ правата од нејзиниот концерт во Охрид на националната телевизија. „Прв пат ќе настапам на Охридско лето, но за фестивалот имам слушнато многу позитивни критики и комплименти од моите колеги музичари кои веќе биле тука. Импресионирана сум од убавините на Охрид пред се од дуќаните за бисери и мислам дека градот е рај за купувачите, така што и јас ќе си направам еден шопинг“, изјави ексклузивката на ЕМИ Класикс на прес конференцијата пред вечерашниот концерт.


Сара Чанг го засака охридскиот бисер

За концертот Чанг ќе ја разубави стилист кој специјално е ангажиран за оваа прилика, а во договор со режисерот на снимањето таа ќе одбере еден од трите фустани за настапот во Св. Софија.

Една од најталентираните виолинистки ќе настапи во придружба на камерниот оркестар на словенечката филхармонија, со кој ќе изведе дела од Вивалди и Сарасати.

ексклузивно интервју на Сара Чанг за Ohridnews

ohridnews