Актерката која ја освои публиката со улогата во филмот „Волкот од Вол Стрит“, Маргот Роби, се враќа на филмското платно во филмот „Фокус“. И во овој филм, нејзината сексипилнос доаѓа до израз при заведувањето на Вил Смит, кој го глуми нејзиниот партнер. Во објавениот трејлер може да се види сексуалната тензија помеѓу главните ѕвезди, а посебно во моментите во кои Маргот го соблекува Вил до гола кожа.
Се чини дека актерите и повеќе се зближиле за сетот, па така во јавноста се појавиле фотографии на која Маргот ја крева маицата и ја покажува долната облека, додека Смит стои зад неа, исто така со подигната маица. На некои фотографии се и прегрнати, па веднаш се појавиле гласини дека тоа ќе влијае на неговиот брак со Џејда Пинкет Смит.