Звездата на филмот „Slum doh Millioner“, Рубина Али, изгубила се, вклучувајќи ги и филмските награди, во пожар која ја проголтал нејзината семејна куќа во пренаселениот кварт во Мумбаи. Рубина раскажала како таа и нејзиното семејство гледале телевизија кога слушнале повици за узбуна поради пожар. Истрчале од куќата, но само можеле беспомошно да гледаат како огнената стихија го уништува нивниот дом.
Во пожарот, кој избил во една од куќичките и брзо се проширил поради силниот ветер, изгореле повеќе од 500 бараки и куќички, а исчезнале најмалку пет лица. Режисерот на филмот Дени Бојл бил изложен на бројни критики кога медиумите откриле дека децата кои глумеле во филмот и понатаму живеат во бараки, и покрај неговото ветување дека ќе им купи нови домови.