Вентворт Милер, ѕвездата на “Prison Break” откри дека е геј во писмо кое го испрати до еден филмски фестивал кој треба да се одржи во Русија.
Во него 41 годишниот актер напишал: “Ви благодарам на поканата. Како човек кој навистина ужива во посетите на Русија, би ми било многу драго да можев да кажам “да”, но како хомосексуалец морам да одбијам ” пренесува “Huffington Post”.
За неговата сексуална ориентација се зборуваше неколку години, а ова е прва официјална потрвда дека Вентворт Милер е геј.