Поранешната ѕвезда на Металика Џејсон Њустед благодарение на неговата сопруга ја победи зависноста од лекови која во периодот помеѓу 2004 до 2008 година речиси го убила.


Никол Ли Смит, била до него цело време и му помогнала во процесот на одвикување. Тие се венчале минатата година, а во едно интервју изјавил дека пред венчавката бил хоспитализиран многу пати поради земање на преголема доза лекови кои ги користел да ја победи депресијата, а доколку не ја имал нејзината подршка со сигурност не би успеал да се опорави.