НАТО одржа воена вежба во саботата во Латвија демонстрирајќи подготвеност на челниците на Алијансата да ги бранат балтичките држави кои стравуваат од Русија, која ја обвинуваат дека интервенира во конфликтот во Украина, и се плашат дека Москва би можела да реагира под изговор да го заштити големото руско малцинство во овие држави, јавува „Макфакс“.
На самитот на НАТО во петокот во Велс беше донесена одлука за формирање нови единици за брза реакција и ќе ги зајакната вежбите во источна Европа како реакција на „руските акции во Украина“.
Балтичките земји стравуваат дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да го употреби изговорот за заштита на руското малцинство кај нив, како што го образложи присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим кој се одлучи преку референдум да истапи од составот на Украина.
Трите балтички држави членки на НАТО, Латвија, Литванија и Естонија, се многу зависни од руските енергенси, а Латвија и Естонија имаат и големи руски малцинства додека на рускојазичните граѓани им го одредуваат статусот „недржавјани“ со кои им се ограничуваат некои права поради што се често критикувани од ОН и ЕУ. Во Латвија живеат 26 отсто Руси, во Литванија околу 6 проценти, а во Естонија тие сочинуваат 25 отсто од населението.
Во петокот навечер околу 500 падобранци слетале на аеродромот во Лиеварде, околу 60 километри од латвискиот главен град Рига, заедно со стотина возила и авиони, имајќи предвид дека воената вежба под назив „Цврсто копје“ симулира распоредување на војници и опрема на НАТО во земјата во кризна ситуација. Вкупно две илјади војници до девет земји ги изведуваат овие маневри во пет земји, Германија, Естонија, Латвија, Литванија и Полска од 2-ри до 8-ми септември.
„Сакаме да ги увериме нашите луѓе дека сме способни да ги заштитиме“, изјави Ханс-Лотар Домросе, командант на воената команда на НАТО во Брунсум во Холандија.
„Сигурно дека освен тоа му испраќање јасна порака на секој кој сака да го загрози НАТО дека тоа не е она што треба да го прави,. НАТО секогаш ќе ги брани и штити своите луѓе“, истакна генералот Домрос пред медиумите во Рига.
За да се демонстрира предаденоста на НАТО на одбраната на земјите членки, по оваа вежба оваа есен ќе следуваат и други во Германија, Норвешка, Украина и Полска.
Заменикот командант на копнената команда на НАТО, генерал полковникот Ед Дејвис изјави во петокот дека одлуката на Алијансата да ги формира новите сили за брзо распоредување и реакција претставува пресвртница, пренасочување на одбраната на територијата на земјите членки по повеќе од една од деценијата воен ангажман во Авганистан.
Додаде дека поединостите за силите за брза реакција уште треба да се разработат. Предводникот на тие сили би требало да бидат 4.000 до 5.000 војници способни за распоредување во рок од 48 часа на секоја територија на земја членка на НАТО.
„Треба да бидат релативно лесни сили. Траба да бидат сили кои доаѓаат, работат на основа на разузнавачка работа и подвижност, и прецизност за разлика од чекањето на воена сила. Тоа се подвижни, прецизни, разузнавачки водени сили кои брзо може да бидат распоредени“, изјави Дејвис за Reuters.
OhridNews
извор:„Макфакс“