Германскиот тенисер Александар Зверев преку социјалните мрежи проговори за неговата состојба по повредата добиена во полуфиналето на Ролан Гарос против Рафаел Надал.

Третманот започна, напиша Германецот под сликата, на која се гледа неговата нога фиксирана во протеза.

Да потсетиме дека во вториот сет од средбата со Надал при резултат 6:5 во негова корист, Зверев доби тешка повреда на скочниот зглоб, поради која не можеше да го продолжи мечот. Тој прво го напушти теренот во инвалидска количка, а потоа се врати со патерици за да му каже на судијата дека предвреме го завршува мечот.

Зверев има оштетени лигаменти на скочниот зглоб на десната нога.

OhridNews