Германскиот тенисер Александар Зверев е третиот учесник во полуфиналето на Австралија Опен. Седмиот носител на АТП листата во четвртфиналето го совлада Стен Вавринка со 3-1 во сетови (1-6, 6-3, 6-4, 6-2) и им се придружи на Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

Четврфиналната средба не започна најдобро за Зверев бидејќи првиот сет го изгуби со убедливи 6-1. 22-годишниот тенисер брзо се консолидираше возврати со 6-3 за 1-1 во сетови. Добрата игра ја продолжи во третиот сет кој го доби со 6-4. Печат на победата стави во четвртиот сет кој го освои со 6-2.

Германецот прв пат ќе игра во финалната завршница на еден грен слем турнир, а пласман во финалето ќе брка против победникот од последниот четвртфинален дуел во кој силите ќе ги одмерат Надал – Тим.

OhridNews