Авион  на нискобуџетната авиокомпанија “Easyjet” на летот
Милано – Атина принудно слетал во Бриндизи, на југот  на
Италија,поради тепачка меѓу патниците – грчки фудбалски
навивачи, соопшти италијанската полиција.

Во авионот отприлика биле 30-ина Грци кои се враќале од
Париз за Атина, а го следеле натпреварот од Уефа купот
помеѓу ПСЖ и Панатенаикос кој французите го добија со
4:0.

Проблематичните навивачи биле приведени на “информативен”
разговор по кој го продолжиле своето патешествие.