Ова прашање може да си го постави секој кој после зимата прв пат одлучил да застане на вага, бидејќи дефинитивно не можел да ги закопча некои од омилените панталони.

Зголемениот внес на храна во текот на зимските месеци е можно да се објасни со еволуциски причини, веруваат научници од Британија.

Според нивните зборови, луѓето имаат природен нагон да јадат премногу, но немаат и контролен механизам кој би спречил наталожување на вишок килограми.Причината за тоа е што во тек на еволуцијата дебелината не била значајна закана за преживување на нашите предци, а потхранетоста била.

Вродената потреба за одржување на залихи на масно ткиво во организмот е уште појака во зима бидејќи тоа е период од годината кога нашите предци имале најмногу потешкотии со пронаоѓање на храна, пишуваат во стручното списание Рroceedings of the Royal Society B.

Се на се, ако мислите дека само вие добивате повеќе килограми преку зима- не сте во право, опуштете се и променете го начинот на исхрана.

извор:metro-portal.hr