Една чаша вино дневно може да направи чуда за вашето здравје, но единствено во случај да се задржите само на таа една чаша.

Виното прави чуда за нашето здравје ако се консумира умерено, па така една чаша дневно навистина ќе има корисен ефект, но повеќе од тоа води во проблеми.

На пример, виното може да ви помогне да го симнете вишокот на килограми и да ја одржите линијата, и тоа ако ја пиете баш таа една чаша во денот – така ќе имате помалку масни наслаги на стомакот и половината, бидејќи алкохолот од виното ќе го поттикне телото побрзо да ги согори калориите. Но, веќе втората чаша има потполно спротивен ефект.

Покрај тоа, го намалува ризикот од бактерија која предизвикува гастритис и останати проблеми со варењето на храната,  Helicobacter pylori, а еднакво го ублажува труењето со храна со состојки кои го зајакнуваат имунитетот.

Виното го чува и помнењето, спречува создавање на крвни згрутчувања и воспалителни процеси на крвните клетки, спречува проблеми во менопаузата и го зајакнува здравјето на срцето.

Затоа, чаша вино дневно…но, само чаша.

извор:metro-portal.hr