Омега 3 масните киселини имаат бројни позитивни влијанија врз организмот, па не не чуди дека нутриционистите и лекарите секогаш ги препорачуваат – тие ги регулираат хормонските реакции, ја забрзуваат работата на клетките, важни се за здравјето на кожата, косата и ноктите, а можеби и најважниот ефект е оној врз здравјето и функционирањето на кардиоваскуларниот систем.

Омега 3 мастите го намалуваат производството на ЛДЛ, лошиот облик на холестерол, а го зголемуваат нивото на ХДЛ, добриот холестерол. Со исхраната во која поголемиот внес на масти отпаѓа на омега 3 масните киселини се намалува ризикот од настанување на кардиоваскуларни заболувања и до 70%.

Важно е да се напомене дека омега 3 мастите исклучително добро го потпомагаат слабеењето, така што ја поттикнуваат работата на ензимите за согорување на мастите, и го намалуваат складирањето на калории. Исто така, организмот најпрво ќе ги користи омега-3 масните киселини за создавање на енергија, отколку останатите масти кои полесно се претвараат во масни наслаги.

За крај, исхраната богата со омега-3 масни киселини го подобрува метаболизмот што позитивно влијае врз слабеењето и одржувањето на телесната тежина.

Но, и покрај тоа, повеќето луѓе консумираат премалку намирници кои содржат омега-3 масти и не ги задоволуваат потребите на организмот. Освен рибата, добар извор на омега-3 масни киселини може да бидат јаткастите плодови и лененото масло.

извор:metro-portal.hr