Морската вода и нејзините лековити својства познати се одамна, а модерната наука го потврдила тоа што го тврдел Хипократ. Затоа, кога ќе дојдете на море, еве зошто во него треба да останете што подолго.

Морската вода го зајакнува имунолошкиот систем со своето богатство од аминокиселини, соли и витамини, а важна улога играат и разните микроорганизми кои делуваат како природни антибиотици. Со вдишувањето на воздух на море се внесуваат негативни јони во телото кои исто така помагаат на имунолошкиот систем.

Капењето во море ја зајакнува циркулацијата, а пливањето еднакво придонесува за квалитетен крвоток, додека топлата морска вода ќе ги надополни минералите кои ги изгубило телото со лоша исхрана и стрес.

Пливањето во море го поттикнува системот за самооздравување во организмот и ги ублажува симптомите од различни болести, како астма, артритис, бронхитис и воспаление на грлото. Магнезиумот во морската вода помага за опуштање на мускулите и носи квалитетен сон.

За крај, морската вода квалитетно делува на кожата, помагајќи во хидратацијата и намалувајќи го црвенилото и рапавоста.

 

извор:metro-portal.hr