Здравата исхрана е особено значајна во детската и тинејџерската возраст, бидејќи тогаш се градат темелите за здравје во текот на целиот живот, покажале низа истражувања, а тоа особено се однесува на лошите болести.
Имено, како еден од клучните фактори за превенција од рак на дојката се покажале прехрамбените влакна, кои би требало да бидат дел од секојдневната исхрана на тинејџерките.
Стручното списание Педијатрикс, пишува дека покрај овошјето и зеленчукот, посебно важен е внесот на производи од интегрални житарки и мешунки.Новите наоди се темелат на податоци собрани од преку 44 000 жени следени на возраст од 50 до 70 години.
Се покажало дека испитаничките кои по внесот на влакна во тинејџерската возраст биле во горните 20% во истражувањето, имале просечно 16% помал ризик на заболувања од ракот на дојка.
Намалениот ризик за рак на дојката е воочен и кај жените кои јаделе повеќе влакна во младите години. На жените им се препорачува дневен внес од 25 грама влакна.
Порано студиите честиот внес на влакна го поврзале со помал ризик од болести на срцето, дијабетес тип 2 и некои облици рак.
извор:metro-portal.hr