-На 21-ви јули 2009-та година поднесовме иницијатива за изгрдба на спомен обележје на Св. Наум Охридски Чудотворец, која беше подржана од министерот за култура Елизабета Канчевска Милевска, како и од Советот на општина Охрид, кој е надлежен за урбанистичкото решение на оваа иницијатива. Нашата идеја беше споменикот да биде поставен во паркот пред Рибниот ресторан, во непосредна близина на спомениците на Св. Климент Охридски и Св. Кирил и Методиј. Со ова ќе се одаде достојно признание на Св. Наум кој што оставил несомнен белег во развојот на Охрид, како и на поширокиот словенски свет.-се вели меѓу другото во отвореното писмо, упатено до градоначалникот.
Во него се нагласува дека Министертвото за Култура обезбедило околу 7 милиони денари од Буџетот на Република Македонија, за оваа намена, кои веќе биле префрлени на наменска сметка од Општина Охрид.
-Поминува скоро една година од иницијативата за поставување на споменикот и веќе четврти месец откако буџетот за 2010 година е функционален, а сеуште нема никакви активности. Сметаме дека е вонредно значајно овој споменик да се изработи во текот на оваа година со што достојно би се одбележала 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Наум Охридски Чудотворец.-се вели во отвореното писмо.