Лошото време, дождот и тмурните облаци, најчесто во нас предизвикуваат баш такво расположение – мрачно,депресивно и поспано. Во случај времето да нема така драстично влијание врз вас, се чувствувате во најмала рака меланхолично и досадно, а единствено сакате да ве остават на мир.

Речиси сите, кога ќе видат таков ден, ако можат ќе се свртат на другата страна и ќе продолжат да спијат, со констатација дека денот е како создаден за спиење. Но, истражување спроведено на Универзитетот Рочестер покажало дека подобро и поубаво се спие по ведро време.

Ако ве интересира зошто така се чувствувате, има два хормони кои се одговорни за тоа – серотонин и мелатонин. Токму нивното влијание е причина за тмурната атмосфера во нашата глава која кога е сезона на лошо време, научниците ја нарекуваат сезонска депресија на која се поподложни жените.

Мелатонинот е хормон кој предизвикува поспаност, а неговото ниво расте кога се спушта мрак, бидејќи очите праќаат сигнал во мозокот кој испушта повеќе мелатонин за да заспиеме.

Серотонинот го прави спротивното, не крева и ни дава енергија и добро расположение. Но,неговото ниво опаѓа со недостатокот на сонце и во комбинација со влијанието на мелатонинот ако започнеме да се чувствуваме тмурно.

извор:metro-portal.hr